Министерот за надворешни работи во Владата на СДСМ, Никола Димитров, ќе потроши 2,6 милиони денари за набавка на на странски весници и информации на англиски јазик, иако новата влада најавуваше дека ќе штеди.
Министерството за надворешни работи објави оглас за доделување договор за јавна набавка на услуги за доставување информативни изданија во електронска и печатена форма за дневно, неделно, месечно и годишно информирање на англиски јазик, за потребите на Министерството.
Иако не е прецизирано, ова може да подразбира и договори со домашни медиуми или сервиси кои ќе или прават вакви информации. Сепак, ќе треба да се почека резултатот од огласот за да видиме без кои информации македонската дипломатија не може да си го замисли денот и се особено важни за надорешната политика на земјата.
Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки, се работи за договор со проценета вредност од 2.600.000 денари или околу 42.000 евра без ДДВ.