Иџе Стефановски дојде до подиум на омилената патека „Имола“

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе имаше солидна трка во втората трка на легендарната патека „Имола“ и дојде до подиум, пишува гол.мк.

Во втората трка во ТЦР-шампионатот во Италија, Стефановски заврши на третата позиција по интересна трка. Се водеа жестоки дуели за тие челни позиции, а Иџе остана мирен и успеа да го задржи подиумот.

Игор Стефановски успеа да дојде до она што не му успеа вчера, откако излета на првата трка. До третото место, Иџе дојде на осум минути пред крајот и вешто го бранеше од нападите од италијанските колеги.

Подоцна, следеше санкција за второпласираниот возач, па на Иџе службено му припадна втората позиција.

За Иџе ова е втор подиум на „Имола“, по онаа победа во 2016 година. Воедно за него ова се први бодови сезонава, по две пропуштени трки поради затворени граници поради коронавирусот.