И Франција отвори истрага за остриот скок на цената на гелот за дезинфекција на рацете

(Photo by FRANCOIS NASCIMBENI / AFP)

Францискиот министер за економија Брино Ле Мер покрена во вторникот истрага за остриот скок на цената на гелот за дезинфекција на рацете, предупредувајчќи дека се неприфатливи шпекулациите коии се базираат на стравот од заразата со коронавирусот.

Ле Мер на Twitter напиша дека е известен оти цените на гелот во некои продавници и на интернет се двојно, па и тројно повисоки од претходно.

Властите препорачуваат почесто миење на рацете како мерка на заштита од инфекцијата. Во Франција во моментов со коронавирус се заразени повеќе од 204 луѓе, од кои тројца починаа.

„Неприфатлови би биле дури и навестувањата на шпекулациите кои би се базирале на коронавирусот“, предупреди Ле Мер.

Додаде дека неговото министерство подготвило нацрт-уредба со којашто ќе се регулира цената на средствата за дезинфекција на рацете и на заштитните медицински маски. Таа ќе стапи на сила доколку практиката на лихварските цени се рашири, истакна Ле Мер.

Италијанските власти уште минатата седмица започнаа истрага за „надуваните“ цени на заштитените маски и на средствата за дезинфекција, поради големата побарувачка којашто ја поттикна големиот број заразени со коронавирусот. Трговците се соочени и со кривични пријави, мешу другото и поради невистинитите тврдеа дека нивните производи штитат од Covid-19. Некои од нив продавале заштини маски по цена дури и од 5.000 евра по парче, според агенцијата DPА.