И Франција по Германија го осуди убиството на новинарот Кашоги

Франција го осудува убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул и бара темелна истрага на случајот, изјави во саботата вечерта францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ледријан, откако речиси цел ден западните сојузници на Ријад молчеа на признанието за смртта на новинарот.

„Франција најостро го осудува ова убиство. Потврдата на смртта на господин Џамал Кашоги е првиот чеко кон утврдувањето на вистината. Но и натаму останува остануваат многубројни прашања.. Овие очекувања уште се посилни, бидејќи нашите две држави се поврзани со стратешко партнерство кое вклучува искреност, обврски и транспарентност“, го цитира AFP министерот Ледријан.

Шефот на француската дипломатија изразува сочувство до семејството на новинарот и предупреду дека одговорните за неговата смрт мора да одговараат за тоа.

Германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, во саботата вечерта беше првата челничка на некоја западна земја којашто по речици целодневниот молк остро го осуди убиството на саудискиот новинар, а нејзината влада сега е под притисок поради големите договори за извоз на оружје во Саудиска Араија и политичките челници повикуваат на редефинирање на односите меѓу Берлин и Ријад.

Саудиска Арабиј, по две седмици молк, објави во саботата дека новинарот Џамал Кашоги умрел во борба во конзулатот во Истанбул и дека два високи функционери се отпуштени поради неговата смрт. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се чини дека саудиските наводи се веродостојни, американски пратеници сметаат дека е тешко да се поверува во тоа/

Признанието на Ријад дека Кашоги умрел во конзулатот дојдоа по две седмици негирање дека саудиските власти имаат нешто со неговото исчезнување и по инсистирањата на светската јавноста за појаснување на случајот. Турските власти од почетокот тврдеа дека Кашоги е ликвидиран во конзулатот откако последен пат е виден како влегува во него на 2-ри октомври.