И Германија ја обвинува Русија за кибернетички напади

Германската влада ја обвини во петокот Русија дека е одговорна за масовните кибернетички напади извршени минатата 2017 година, по трагата на сличните обвинувања од САД, Велика Британија, Канада и Холандија.

„Сојузната влада верува дека е речиси извесно дека зад кампањата на APT28 се наоѓа руската военоразузнавачка агенција ГРУ“, изјавил портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт.

Берлин се сомнева дека оваа „кибернетичка шпионска група“ е поврзана со ГРУ и е одговорна за кибернетичките напади на Бунестагот и мрежата со бази на податоци на сојузната влада во 2015 година.

„Оваа процена се темели на нашите сопствени и многу добри факти и извори“, рекол Зајберт и додал дека германската влада има „целосна доверба“ во британската и во холандската влада, коишто ден претходно ја обвинија Русија дека ги нападнала на ист начин.

„Силно ги осудуваме ваквите напади на меѓунардните организации и системите на нашите сојузници. И ја повикуваме Русија да ги почитува своите обврски и да се воздржи од вакви дела“, порачал портпаролот на германската влада.

САД, Велика Британија и Холандија ја нападнаа во четвртокот Русија обвинувајќи ја дека нејзината воена разузнавачка служба ГРУ наводно ги хакирала мрежите на западните истражни власти. Вообичаено Москва одговори дека станува збор за произволна кампања против неа во којашто не се приложени никакви докази.

Цел наводно била Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) со седиште во Холандја во текот на истрагата за труењето на пораншениот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал, кој предизвика скандал во Лондон претходно годинава. Русија инаку има свои дипломатски и стручни претставници во ова тело на коишто инаку им се достапни сите материјали кои ги поседува OPCW, па така и извештајот на меѓународната група за труењето на Скрипал.

Како цел се споменува и истрагата за уривањето на малезискиот авион над побунетите региони на источна Украина во март 2014 година, во којашто исто така руската страна има свои претставници во меѓународната истражна комисија. Цел, наводно, била и органииацијата за борбата против допингот, по обвинувањата минатите години дека руските спортисти масовно земаат недозволени супстанции, се огласи Канада.

Претходно во четвртокот британските Национален центар за кибернетичка сигурност National Cyber Security Centre, NCSC), кој е дека од една од разузнавачките служби Центарот за владини комуникации (Government Communications Headquarters, GCHQ) објави листа од 12 хакерски групи. Велика Британија објави листа на хакерски групации за коишто тврди, но тоа не може да биде проверено и потврдено, дека „речиси сигурно дејствувале под водство на ГРУ“, вклучително и групата APT28, позната и како Fancy Bear/APT28.