И германските бизнисмени бараат датум за почеток на преговори

По политичарите и германските бизнисмени изразија поддршка на процесот на проширување на Европската унија и повикаа за започнување на преговорите за присоединување на Македонија и на Албанија.

Германскиот бизнис сектор стравува дека пролонгирањето на нова одлука ќе го наруши проевропскиот курс на земјите од Западен Балкан.

Раководителот на Источниот комитет на германската економија Михаел Хармс во интервју за „Ројтерс“ предупредува за тешки последици ако одлуката одново се одложи.

-Колку подолго се пролонгира, толку поразочарани ќе бидат граѓаните на ЕУ, вели Хармс.

 

Ако Европската унија не успее да го исполни ветувањето за перспективите на тие земји на владите во Западен Балкан ќе им биде се потешко да го задржат населението на јасен проевропски курс, предупредуваат германските бизнисмени. Конечната одлука за преговори со двете земји ќе биде донесена на Самитот на лидерите на ЕУ во четврток и петок.

Хармс посочува дека станува збор само за почеток на преговорите, а дека членството ќе настапи дури откако двете земји ќе ги исполнат сите критериуми.

-Економски овие земји се многу интересни за нас, рече тој.

Германските фирми веќе имаат многу инвестирано во Македонија, а земјата се развива политички и економски, посетува „Ројтерс“.

-Тоа мора политички да се награди, нагласува раководителот на Источниот комитет на германското стопанство, Михаел Хармс.