И годинава расте бројот на превезените патници преку македонските аеродроми

Бројот на превезени патници на двата аеродрома во Република Македонија, „Александар Велики“ крај Скопје и охридскиот „Свети апостол Павле“ и од почетокот на оваа година во континуитет бележи раст, информираше во петокот Министерството за транспорт и врски

Од јануари заклучно со август 2017 година, од двата аеродрома, превезени се вкупно 1.339.065 патници што претставува зголемување од 10,5 отсто споредено со истиот период минатата 2016 година.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – август 2017 година регистрирани се вкупно 1.223.630 патници, што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 1.108.157 патници, се забележува зголемување од 10,4 проценти.

На аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари – август 2017 година, превезени се 115.435 патници, што во споредба со истиот период од 2016 година кога биле превезени 113.431 патници, бележи зголемување од 11,6 отсто.

Согласно реализација на сообраќајот, се наведува натаму во извештајот на министерството, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – август се: Истанбул со 12,5 отсто, Цирих со 9, Виена со 6,6 и Базел 5,1 процент.