И граѓаните ќе можат да предлагаат измени на „МојДДВ“

242

„Мерката „МojДДВ” со која граѓаните остваруваат право на поврат на дел од платениот ДДВ и со тоа влијаат кон адресирање на сивата економија е еден од неколкуте проекти на мојата агенда. Во следниот период ќе се работи на унапредување на решението (самата мерка и мобилната апликација)“, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Ќе бидат имплементирани подобрувања и се планираат нови функционалности, затоа ве поканувам да учествувате со коментари, сугестии и критики како од аспект на корисници на мерката, така и од професионален аспект. Сите предлози се добредојдени. Детални идеи, предлози и сугестии може да испратите и на mojddv@finance.gov.mk“, додава таа.

Мерката е популарна помеѓу граѓаните, наплатата на ДДВ се зголемува а граѓаните го остваруваат правото на поврат на 15% од нивното ДДВ на скенираните сметки што е дел од Владината програма “Пари назад кај граѓаните”. Исплатата за првиот квартал од лансирањето (јули-септември) ќе се реализира во месец декември.

Мобилната апликација до сега има 196К инсталации (85% Android, 25% iOS). Во јули 137К граѓани скенирале 7.2М сметки со вкупна вредност на ДДВ од 59 милиони денари. – Во август беа скенирани 7.8М сметки со вкупна вредност на ДДВ во износ од 66 милиони денари од страна на 142К корисници.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.