И градоначалникот на Бутел во самоизолација, имал средба со директоркатана УЈП

По информацијата за позитивниот тест на Covid -19 на директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, во самоизолација е градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски.

„После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со нејзе минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно сум во самоизолација, и покрај тоа што при нашата средба целосно ги почитувавме мерките за заштита и обајцата.

Денеска го направив тестот за Ковид-19 и резултатот го очекувам во текот на утрешниот ден.

Сакам да Ве известам дека во моментов немам никакви симтоми и се чуствувам добро.

И посакувам на мојата пријателка Sanja Lukarevska и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје.

Апелирам да не го потценувате вирусот да бидете максимално внимателни и да ги почитувате мерките за заштита“, пишува на Фејсбук градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски.