И Хрватите се мајтапат со најтажната елка на светот, споредувајќи ја со кривата кула во Пиза (ФОТО)

За жал, новогодишната елка од нашиот главен град стана тема на потсмев не само во српските медиуми, туку веќе веста стигна дури и до Хрватска…

Најтажната елка на светот стана хит и во хрватските медиуми.

За жал, новогодишната елка од нашиот главен град стана тема на потсмев не само во српските медиуми, туку веќе веста стигна дури и до Хрватска…

Хрватскиот „Јутарни“ пишува дека во добата од годината кога сите градови се натпреваруваат кој ќе биде поукрасен и ќе има поубава новогодишна елка, тоа не е случај со божиќната елка во Скопје.

Тие пишуваат дека елката со денови е потсмев на граѓаните, а освен тоа таа е накривена, не доукрасена и нема ниту врв, споредувајќи ја со кривата кула во Пиза.

Освен тоа вчера речиси сите српски медиуми ја пренесоа веста за нашата несреќна елка велејќи дека кога сте тажни сестете се на новогодишната елка во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.