И ќерката и внукот на Сашо Василевски се вработени во СЈО

Сашо Василевски, довчерашниот директор на МЕПСО, како резултат на блискоста со обвинителката Катица Јанева, си ја вработил ќерката во СЈО, пишува Магазин. Имено, неговата ќерка Марија Василевска, дипломиран правник, почнала на работа во СЈО во декември 2017 година, за солидна плата од 49.000 денари. И тоа не е се. Исто така и внукот на сашо Василевски, извесен Илче Србиновски од Ресен, се вработил во СЈО како помлад соработник, како резултат на личната блискост меѓу Сашо и Катица. Вчера порталот А1-он откри дека Василевски исто така се стекнал со сопственост на 110 квадратен стан во Скопје, за багателна цена од 80.000 евра, а како резултат на многу сомнителна постапка од обвинителката Јанева, која потпишала налог да се замрзне целиот имот на фирмата “Бентон“ од Гевгелија (која била под истрага), освен предметниот стан, кој намерно го изоставила.

Сашо Василевски е познат како човек кој што бил на високи позиции и за време на претходната владејачка гарнитура најпрвин како кадар на НСДП од Тито Петковски. За време на првата Влада на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година бил заменик министер за правда, а потоа и долги години член на Комисијата за полагање на правосуден испит за оттаму за време на “режимот” да добие два мандата како член на Советот на Јавни обвинители, а во август 2017 година од страна на Заев беше именуван за генерален директор на МЕПСО. Василевски добивал високи функции и од Груевски, а сега и од премиерот Заев, пишува Магазин.
Во последните 5 години од владата на Никола Груевски, Сашо Василевски беше член на Советот на јавни обвинители, а претходно беше заменик министер за правда, по предлог на коалициониот партнер НСДП. Дел од јавноста смета дека Василевски како член на Советот на Јавни обвинители имал блиска соработка со Заев и Јанева во врска со прислушкуваните материјали и превземањето на битни предмети во надлежност на СЈО, а за таквите услуги од Василевски многу му била благодарна Катица Јанева, која потоа била клучниот линк за Василевски да добива високи позиции од Заев, но и добри можности за вработување на неговите најблиски роднини. Но, тоа не било исклучок во СЈО, туку веќе востановена пракса. На пример, и девојката на синот на Катица Јанева, онаа кај која беше пронајден наводно изгубениот телефон на обвинителката во скандалот “Рекет“, исто така била вработена во СЈО од страна на нејзината идна свекрва.