И Латинска Америка ги суспендира летовите на „Boeing 737 MAX“

Бразил, Мексико, Панама и Колумбија ги суспендираа во средата летовите на патничките авиони од моделот „Boeing 737 MAX“ по последната несреќа на вакво летало на етиопската компанија „Ethiopian Airlines“ во неделата во којашто загинаа 157 луѓе.

Бразил објави дека ги запрел летовите на „Boeing 737 MAX 8“ и дека тоа се однесува и на компаниите кои тоа претходно самоиницијативно го сториле. Возухопловната компанија „Gol“ е единствената во Бразил којашто го има овој тип авион. Таа уште во понеделникот ги прекина летовите со овој модел. Бразилскиот регулатор за воздушен сообраќај објави дека ја донел оваа одлука по контактите со американската Федерална воздухопловна агенција (FAA), со конструкторот на авионите и со воздухопловните компании.

Два авиона од моделот „Boeing 737 MAX“ се урнаа за помалку од шест месеци во слични околности, првиот на компанијата „Lion Air“ во Индонезија во октомври, и вториот на „Ethiopian Airlines“ во близина на етиопската престолнина Адис Абеба во неделата утрото.

Мексиканската управа за цивилна воздушна пловидба, исто така, соопшти дека привремено ги приземјува авионите на моделите „Boeing 737 MAX 8“ и „Boeing 737 MAX 9“. Истото го стори и Панама, а Колумбија објави дека нема да дозволи авионите од овој модел да летат во нејзиниот воздушен простор. Колумбиската управа за цивилно воздухопловство објави дека ниедна колумбиска компанија не поседува вакви авионо, но дека по консултациите нема да дозволува овие модел да влезат во нејзиниот воздушен простор.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во средата дека ги сопира сите летови на „Boeing 737 MAX“ со што му се приклучи на меѓународнито консенус за овој нов авион на американскиот и најголем светски конструктор на авионо. И земјите од Европската унија уште во вторникот ги сопраа сите летачки операции со авионите од моделите „Boeing 737 MAX 8“ и „Boeing 737 MAX 9“. Меѓу земјите кои ги приземјиа овие авиони се и Кина, Индонезија, Сингапур и Австралија.