Шпансиот ракометар и десен бек на „Вардар“ и официјално е член на екипата на „Пик Сегед“, откако потпиша двегодишен договор, кој следната сезона планира сериозно да влезе во битка за титулата во Унгарија со тимот на „Веспрем“.
Македа во „Вардар“ дојде од „Нант“ во 2015 година и заедно со Алекс Душебаев беа шпанскиот тандем на десната бековска позиција. Ако до лани беше малку потиснат од Душебаев, оваа сезона ја игра одлично. Тој го постигна голот од аут против „Кил“, кој се покажа како решавачки за пласманот на Ф4 во Келн.
Се очекува „Вардар“ допрва да потврди дали навистина Дмитри Кисељев ќе биде новиот десен бек на Вардар, како замена на Македа, но и дали во спротивна насока од „Пик Сегед“ доаѓаат Сергеј Горбок и Дмитри Житников.
За разлика од имињата на новите засилувања на Вардар, се официјализираа сите коишто го напуштаат клубот летово: Раул, Штербик, Циндриќ, Абутовиќ, Марсениќ, Кањелјас и Македа.