И Македонија доби свој Голден Гејт

КЈП Нискоградба од Битола на социјалните мрежи се пофали дека по барање на жителите на населбата Буковски Ливади, санирале мост кој се поврзувал со Хераклеа.

Потоа објавија слики како изгледал мостот пред, а како изгледа по санацијата.

Потценувачкиот однос кон жителите на Буковски Ливади, предизвика остри и иронични коментари на социјалните мрежи.

Ви пренесуваме дел од нив:

„Во Неолитот вакви мостови немало, браво!“

„Кај е Натето да ја сечи црвената трака“

„И ние во Прилеп ви завидуваме за мостов“

„Спиеш ли мирно Илон Маск“

„Во киндер јајце да не ви се падна“

„Па личи ли бре вакво грандиозно дело да биде пуштено без чичеци“

„Какви фотки ќе се прават на мостов…“

„Клајте една жица на оградата, заљубените катанчиња да клават“

„Ако ви останала некоја штица, земете една бесилка направете“

„Сте заборавиле сликите “потоа” да ги ставите,ова само “пред” се“

„Е сега уште да се излакираат штиците.. да биди од поново време мостот“

„Руанда е за нас НАПРЕДНА … потценувањето е до граѓаните кои побарале решение, можеле да добијат ТРАЈНО (армиран бетон), а добиле дрвен .. во камено доба правеле подобри, 100%!!!“