И Македонија со последици од глобалната рецесија во автомобилската индустрија

Трендот на глобалната рецесија во автомобилската индустрија ќе се почувствува и кај компаниите во земјава кои работата во оваа област како добавувачи.

Според тоа за колку е намалена продажбата на автомобили проценките се дека ќе се намали обемот на работа а со тоа и обемот на извозот за околу 3 до 5% во споредба со лани но засега воопшто не се размислува за отпуштања  на вработени децидни се од асоцијацијата на странски компании кои имаат технолошки напредно производство кои главно се сместени во технолошко индустриски развојни зони.

Глобалната рецесија и намалена продажба на нови автомобили е процес заради кој изминатава година се продадени 4,3 милиони автомобили помалку во однос на претходната година, процес кој е најизразен во Кина и Индија.

Главни причини за ова се трговската војна меѓу Кина и Америка и несигурноста која таа ги носи, Брегзитот, промените на регулативите околу дизелите, електрификацијата на автомобилите и слично.

Во земјава има околу 30 фабрики кои се странски инвестиции поврзани со автомобилската индустрија кои вработуваат 25 до 30 илјади луѓе и првата нешто повеќе од 50 отсто од вкупниот извоз на Македонија.