И Македонија има своја Карлеуша – Саше Политико

Никого не сум нападнал, нити сум бил приведен, јас ја повикав полицијата, јас бев повреден од инцидентот, за што има медицински наод од градска болница, си ја отвори душата Саше Ивановски, попознат како Саше Политико, потврдувајќи ги претходните информации дека меѓусебно со неговата сопруга, која тврди дека неколку часа минала на КАРИЛ по неговиот напад, се пријавиле во полицијата,

Сапуницата во којашто е инволвирана контроверзната личност којашто актуелната власта обилно ја искористуваше кога беше во опозиција да го прикаже „загрозувањето“ на медиумските слободи во петокот вечерта ја продолжи поранешната сопруга на Ивановски,  Марина Лазаревска Ивановска. Очигледно двојката, откако повеќе не е интересна за јавноста, својат интимен конфликт го користи да го привлече вниманието врз себе.

Претходно Министерството за внатрешни работи потврди дека Ивановски бил приведен во полициска станица поради пријава за семејно насилство, откако претходно во својот билтен објави дека двајцата сопружници меѓусебно се пријавиле за напади со нож кои се одигрувале во присуство на нивното малолетно дете.

Политико, во врска со синоќешниот настан што го потврди и МВР, за медиуми изјави дека „не се случило такво нешто“ и дека „нема друг коментар“. Полицијата, пак, информираше дека двајцата добиле шријави од полицијата откако ноќта од 16 кон 17 јануари, во полициска станица одделно пријавиле дека се жртви на семејно насилство. Според МВР, првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот кој кажал дека сопругата го нападнала со нож околу 23 часот, а три часа подоцна, околу 02 часот по полноќ се јавила неговата 25-годишна сопруга која го пријавила својот сопруг дека физички ја нападнал употребувајќи нож.

Потоа, Саше Политико, на својот портал Мактел објави дека всушност тој бил жртвата на ова семејно недорабирање кое завршило со физичка пресметка. и притоа нагласува дека сметал оти „случајот нема да излезе во јавноста“, но откако тоа се случи се почувствувал одговорен „мора да ја каже вистината“. Политико, така, открива дека неговата млада сопруга всушност била многу љубоморна и честопати „во последните пет години“ поради тоа имале кавги.

За жал, пред два дена имавме пак кавга со мојата екс сопруга поради нејзината за жал болна љубомора која беше без основа. Ми беше лута за моето присуство на пресот на министерот (за транспорт и врски) Сугаревски, каде до мене седеше новинарка, и таа беше параноична дека јас не смеам да бидам во близина на жени, затоа што тоа било опасност за нашиот брак“, пишува меѓу другото во своето подолго елаборирање на случајот Саше Политико.

Натаму ги појаснува причините зошто отсуствува сосема од јавноста и открива дека имал подготвен „проект“ кој поради овие причини не може да го започне.

Истовремено на социјалните мрежи се огласи и сега веќе поранешната г-ѓа Ивановска, која на социјалните мрежи објави дека не ѝ „паѓало на памет“ да започнува насилна расправија со сопругот „кој е со поголема физичка сила“  и со „импулсивен карактер“, а не пак прва да посегне по нож за да го нападне.

Во периодот околу 23 часот 17.01 со возило на итната медицинска помош бев пренесена на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар и бев задржана неколку часа за извршување испитувања при што го напуштив КАРИЛ нешто пред 2 часот на 18.01. Тоа е се што ќе изјавам, не би додавала дополнителен сензационализам поради сензибилноста на настанот. Информациите за мојата здравствена состојба поткрепени со извешатаи од специјалисти и извршена визуелизација на моето лице и тело од страна на испекторите на МВР може да ги проследите од соодветните институции. Верувам во органите на правната држава, пишува Марина Лазаревска Ивановска.

Полицијата сигурно наскоро ќе разјасни што навистина се случило, но нема да изненадува доколку двојката ја продолжи оваа сага во јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.