И Мароко со посредство на Трамп ги нормализираше односите со Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави во четвртокот нормализацијата на односите со Мароко, уште една исламска земја со посредувањето на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, додека исламистичкото движење Хамас кое ја контролира енклавата Појасот Газа изрази остро незедовлство, пренесуваат агенциите.

Израел и Мароко во четвртокот со посредување на САД договорија нормализација на односите, со што Мароко стана четврата муслиманска или арапска земја, по Бахреин, Саудиска Арабија и Судан, којашто од септември ги прекинува непријателствата со Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во говорот на телевизијата договорот за нормализација на односите со Мароко го нарече „историски“ и му се заблагодари на мароканскиот крал за „затоплувањето на односите“ меѓу двете земји.

„Секогаш верував во овој мир кој денеска се конркретизираше пред нашите очи. Сакам да му се заблагодарам на претседателот (на САД, Доналд) Трамп што водеше до тие договори и на мароканскиот крал Мохамед Шести за историската одлука за воспоставување мир со Израел“, рече Нетанјаху.

„Прво ќе воспоставиме канцеларии за врска, а потоа директни дипломатски односи и директни летови меѓу двете земји“, додаде израелскиот премиер.

Палестинското исламистичко движење Хамас во четвртокот вечерта го нарече „политички грев“ договорот за нормализација на односите меѓу Израел и Мароко.

„Тоа е политички грев кој не служи на палестинските заложби, ја поттикнува окупацијата и продолжува да ги негира правата на нашиот народ“, изјави за AFP портпаролот на Хамас, Хазем Касем.

Израел во септември потпиша договори за нормализација на односите со Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, а кон крајот на октомври со Судан што беше нов во неколкуте договор за нормализација на односите меѓу Арапите и Израелците од прогласувањето на еврејската држава во 1948 година. Израел претходно имаше мировни договори со Египет потпишан во 1979 година, а со Јордан во 1994 година. Со Турција, пак, децениската многу тесна воена и економска соработка беше урната во 2010 година откако израелските командоси убија десет турски активисти од „Флотилата на слободата“ чии бродови се обидуваа да ја пробијат поморската блокада на Газа.

Мароканскиот крал Мохамед Шести од своја страна рече дека неговата земја го поддржува решението со две држави за да се запре израелско-палестинскиот судир, соопшти кралскиот дворец во Рабат.

Мароканскиот суверен во телефонски разговор го известил за неговиот разговор со Трамп претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас. Во разговорот со Абас, кралот „ја потврди својата непроменета позиција за поддршка на палестинското прашање“. Истакнал дека преговорите меѓу палестинската и израелската страна е единствен нали да се потигне „трајно, сеопфатно и конечно решение на судирот“, се додава во соопштението.

Американскиот претседател Доналд Трамп во рамките на договорот се согласил да го признае суверенитетот на Мароко над Западна Сахара во којашто неколку децении трае судирот Фронтот Полисарио кој го поддржува Алжир и кој сака независна држава на таа територија.

Трамп договорот го склучил во четвртокот во телефонскиот разговор со мароканскиот крал, пренесува Reuters. Според договорот, Мароко ќе воспостави дипломатски односи и официјални контакти со Израел, ќе дозволи прелети над својата територија и ќе воспостави директни летови во Израел. Двете држави ќе работат и на јакнење на економската соработка.

„Уште еден историски чекор денеска! Нашите два големи пријатела, Израел и Мароко, се согласија целосно да ги нормализираат дипломатските односи, голем чекор кон мирот на Блискиот исток!“, напиша на Twitter американскиот претседател Трамп.

Во соопштението на Белата куќа се истакниува дека претседателот Трамп на мароканскиот крал Мохамед Шести му ја повторил поддршката за предлогот за автономија на областа Западна Сахара како единственото долготрајно решение.

Иако се очекува дека следниот американски претседател Џо Бајден ќе води поинаква надворешна политика, тој најави дека ќе ја продолжи иницијативата на Доналд Трамп за постигнување мировни договори на Влискиот исток.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.