„И на глава да се превртиме веќе е одлучено, се мислев дали да давам одбрана во предметот“, рече Боки за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски – Боки 13 ги даваше воведните збори за случајот „Меѓународен Сојуз“ кој денеска почна во Судот.

Јовановски рече дека долго размислувал дали да дава одбрана во предметот, бидејќи смета дека веќе е донесена одлуката.

„И да се превртиме наопачки и на глава, обвиниенето е веќе донесено, и така ќе биде на крајот, имајќи го во предвид искуството кое го доживеав на овој суд. Затоа размислував дали воопшто да давам одбрана“, рече Јовановски и рече дека се сложува со неговиот бранител дека тој е „таргетот“.

Исто така реагираше за неговиот татко Миле што е ставен во обвинението затоа што, како што рече Боки, тој само еднаш бил во канцеларијата на Меѓународниот сојуз, и не бил ниту на еден состанок, ниту, пак, на некаква средба со Мицевски и со Азмоски.