И натаму Apple е најскапиот светски бренд, Netflix поскапе за 72 отсто

(AP Photo/Ng Han Guan)

Вредноста на брендот Netflix пораснал во текот на една година за 72 отсто, на 26,7 милијарди доалри, според новото рангирање на најскапите светски трговски марки на магазинот Forbes, на кое првото место како и натаму му припаѓа на Apple со вредост од 241,2 милијарди долари.

Втор според вредноста на својата трговска марка е Google со 207,5 милијарди долари, а меѓу првите пет по ред се Microsoft со 162,9 милијарди долари, Amazon со 135,4 милијарди долари и Facebook so 70,3 милијарди долари.

Листата на први десет брендови ја заокружуваат Coca-Cola, Disney, Samsung, Louis Vuitton и McDonald’s.

Минатата година во првите десет беше Toyota, но годинава загиби на вредноста 7 отсто, и го зазема 11-то место. Додека Louis Vuitton, кој порано не беше вбројуван во првите десет најскапи марки, поскапе за 20 отсто и го заема деветтото место.

Меѓу првите десет стокови мерки според вредноста, само Facebook и Samsung загубиле 21 односно 5 отсто, додека сите други марки поскапеле. Netflix, така, за една година пораснал за 72 отсто и се наоѓа на 26-то место.

Значајна раст на вредноста на брендот оствариле и Chanel со 42 отсто, Amazon со 40, Microsoft со 30 и Paypal со 24 отсто.

Вкупната вредност на 100-те најскапи брендови изнесува 2,54 трилиони долари. Повеќе од 50 од нив се американски компании, десетсе брендови од Германија, девет од Франција, а Јапонија и Швајцарија имаат шест односно пет скапи брендови.

На листата најмногу се застапени технолошките компании – 20, а 14 марки им припаѓаат на компаниите за финансиски услуги, 11 се од автомобилскиот сектор, а осум од секторот продажба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.