И натаму без одлука за авионите за Украина, потврди Остин

Left to right: Admiral Rob Bauer (Chair NATO Military Committee); NATO Secretary General Jens Stoltenberg; General Mark A. Milley (US Chief of Defense); Lloyd J. Austin III (US Secretary of Defense); Oleksii Reznikov (Minister of Defence, Ukraine)

Прашањето за можното испраќање на напредните борбени авиони според НАТО стандардите на Украина и натаму е отворено по состанокот на вторникот на педесетината земји под координација на САД за дополнително вооружување на власта во Киев во нејзината војна против Русија.

„Немам денеска никакви новини за авионите“, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин, кој претседаваше со состанокот на контакт групата за помош во вооружувањето на Украина кој се одржа во седиштето на НАТО во Брисел, а во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на Северноатлантскиот воен сојуз.

Остин истакна дека САД „нема да ја спречуваат Полска или некоја друга земја“ во таквите намери, бидејќи тоа биле одлуки кои ги носеле националните власти.

Холандија ги зема „многу сериозно“ барањето на Украина за борбените авиони „F-16“, изјави претходно пред состанокот холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен. „Украина е многу свесна дека тоа е нешто за што е потребно време“, додаде. Борбените авиони, според Олонгрен, не се споредуваат со борбените тенкови кои ќе му бидат испорачани на Киев следните месеци.

Словачка минатата седмица најави дека ќе ја разгледа можност за испраќање на своите модернизирани авиони „МиГ-29“ во Украина.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пак, ја истакна важноста за пружање помош во обука и муниција за украинската војска среде дискусијата за снабдување со скапите западни борбени авиони од четвртата генерација какви што ги бара Киев.

„Само Германија досега веќе обезбеди специјална обука за 1.200 украински војници на вооружените системи“, рече Писториус во Брисел и додаде дека прашањето како на Украина да ѝ се обезбедат доволно муниција и проектили за системите за противвоздушна одбрана добива на важност.

Писториус рече дека „голем предизвик следните неколку месеци“ за Украина ќе биде да не го изгуби воздушниот простор од руските воздушни сили и да избегне уште посилно бомбардирање и напади врз нејзината критична инфраструктура. Писториус, исто така, ја повика наменската индустрија за оружје да ги зголеми своите капацитети за производство на разни видови муниција.

Норвешкиот министер за Одбрана Бјорн Арилд Грам најави дека неговата земја ќе испрати ви Украина 8 тенкови „Leopard 2“, Тоа ветување се надоврзува на Германското ветување за 14 такви тенкови, како и три од Португалија. Други земји, како на пример Шпанија, начелно се согласија да испратат тенкови но не објавуваат колку.

Италија и Франција заеднички најавиле, како што рече Остин, дека на Киев ќе му испорачаат противвоздушен систем „SAMP/T“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој претходно деновиве ги појаснуваше ситуациите со капацитетите на воената индустрија, во прв ред во Европа, во вторникот повторно повика на Украина што поскоро да ѝ бидат испратени поголеми количества муниција, како и вооружувањата кои ѝ се ветени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.