И натаму гори националниот парк Рила во Бугарија

Втор ден по ред 180 лица, меѓу кои пожарникари, војници, доброволци, како и вработени во „Рила“ и „Пирин“  во месноста Белија камик (Белиот камен) во националниот парк „Рила“. Во борбата со огнената стихија учествува и еден хеликоптер, јави БГНЕС.

Бугарските власти се уште не соопштиле колкава површина е зафатена од пожарот, кој почна вчера изутрина. До месноста која е под оган може да се стаса само пеш, па огнот се гасне рачно, без механизација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.