И НАТО инсистира на спроведување на реформите

Работа, реформи и промени- тоа се бара од властите во Скопје. Пораката ја пренесоа дипломатските претставници на Германија и САД кои очекуваат до крајот на годината Република Северна Македонија да влезе во НАТО.

Амбасадорите беа на отварањето на специјалниот семинар за следните чекори на НАТО. Десетина експерти дојдени од седиштето на Алијансата на пратениците но и на офицери на АРМ ќе им објаснат кои се задачите кои не чекаат откако државата ќе стане 30-та членка на НАТО. Семинарот се одржува во Собранието, а спикерот кој се пофали дека има и воено образование и офицерска кариера, вети дека и Парламентот ќе учествува со свои одлуки во патувањето кон членството.

Џафери, но и сите присутни очекуваат американскиот Сенат сега во јуни да  го усвои протоколот за македонско членство во НАТО. Досега 13 држави членки на НАТО го ратификуваа протоколот.