И неолибералните холивудски ѕвезди во кампања против избор на градоначалник од крајната десница во германски Герлиц

Во малиот пограничен град Герлиц, најисточниот град во Германија во сојузната покраина Саксонија, во неделата се избира градоначалник, а за да се спречи победата на кандидатот на евроскептичната и притвдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) во предизборната кампања покрај сојузот на конзервативците, социјалдемократите, зелените и левицата, со закани се вклучија и холуивудските ѕвезди, блиски до неолибералните политички струи, кои овој град често го користат како кулиси во нивните филмови.

„Граѓани на Герлиц, не им се препуштајте на омразата и непријателството, поделбата и изолацијата“ се наведува во писмото со коешто меѓународна група филмски работници левичарски активисти под водство на продуцентот Михаел Симон де Нормие му се обраќаат на населението во овој германски град.

Де Нормие во разговор за германската новинска агенција DPA се заканил дека изборот на десничарскиот градоначалник би имало последици по расположението на меѓународните филмски екипи и натаму да снимаат во Герлиц. „Ние го сакаме овој град. Но ако атмосферата биде затруена со омраза и нетрпеливост кон странците, тоа би можело да ги истера филмските работници“, додал во предупредувњето де Нормие.

Во градот кој лежи на реката Лужничка Ниса на границата со Полска, големи шанси за победа има кандидатот на AfD, Себастијан Випек, кој во првиот круг од изборите кон крајот на мај освои повеќе гласови од главниот противкандидат на Христијанско-демократската унија (CDU), Октавијан Урс.

Меѓу потписниците на „отвореното писмо до граѓаните на Герливуд“, кој откако таму делумно беа снимени холивудските хитови како „Inglorious Basterds“ или „Grand Hotel Budapest“, стана една од најбараните филмски локации во Германија, се и оскаровецот режисер Стивен Далдри и сценаристот Бернар Шлинк.

Пратеникот од AfD во Бундестагот, Тино Хрупала, од изборниот округ Герлиц, преку Twitter порача дека жителите на овој град немаат потреба од „грижа и препораки за гласањето од меѓународните ѕвезди и ѕвездички“. Главниот полициски инспектор и политичар на AfD, Випел, предизборната кампања ја насочи на ветувањето за зајакната безбедност во градот на границата. „Сигурни граници наместо безграничен криминал“, гласи неговото мото.

Конкурентскиот кандидат од CDU го поддржаа и партиите Левица и Зелените. „Политичките разлики и личната нетрпеливост сега мора да паднат во втор план. Нашата цел е спречување на доаѓање на еден градоначалник од AfD на власт“, соопшти партијата Левица.

Изборите во Герлиц се сметаат за сигнал за покраинските избори кои ќе се одржат есенва и на кои првпат, според анкетите, најмногу гласови би можела да освои AfD. На сојузните избори минатата година, како и на оние од крајот на мај за Европскиот парламент, AfD според бројот на гласовите стана најсилната партија во сојузната покраина Саксонија.

Испитувањето на јавното мнение на институтот Forsa Trend Barometer, во соработка со RTL и уште неколку други телевизии, објавено во саботата покажа дека AfD на сојузно ниво забележала еден процентен поен раст на довербата кај гласачите, и оваа недела со 13 отсто поддршка е третата партија во Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.