И ниските мажи се секси

Мажите кои се високи помалку од 182 см, ги привлекуваат жените, тоа го потврдуваат и многубројни студии, но и секојдневниот живот. Една од главните причини зошто жените сакаат висок маж, е што нашето општество не научило дека мажот треба да биде повисок од жената. Тој треба да биде заштитник, а таа треба да готви. Ако одамна сте сфатиле дека бесмислено е да се очекува од жената да биде само домаќинка, тогаш можеби е време да се позанимавате со идејата за понизок маж. Еве некои од причините кои ќе ви помогнат околу тоа размислување.

Ниските мажи имаат поголема самодоверба

Во светот во кој сите едноставно гледаат преку нив, тие научија како да се истакнат. Ниските мажи се со поголема самодоверба, па често се карактеризираат како вообразени, исто како што и секоја жена која што знае што сака ја нарекуваат дрска. Тие се чувствуваат дека постојано требa да се докажуваат па затоа повеќе се трудат, а со тоа се и поуспешни.

Се чувствувате како манекенка

Знаете дека манекенките се повисоки од своите партнери. Тоа е така, бидејќи се високи. Но ако не сте надарени со таква висина, тоа не значи дека не можете така да се чувствувате. Покрај нискиот маж, секоја жена се чувствува како супер модел.

Ниските мажи, живеат подолго

Ова е научно докажано, ниските мажи живеат во просек две години подолго од високите.

Ќе имате поголем избор

Ако критериумите ги спуштите на 175 см, ќе имате двојно повеќе шанси да ја пронајдете љубовта на својот жиовот.

Висината не е проблем кога сте во кревет

Кога уживате со својот партнер под чаршаф, висината е последна работа за која размислувате. Што повеќе сте со слична висина, тоа подобро се вклопувате .Ако имате 160 см, комплицирано е да се бакнете и да имате секс со момче од 190 см. Нормално такви проблеми немаат девојките кои имаат пониски момчиња.

Бакнувањето на прсти е минато

Уште една предност на ниските мажи е што можете да заборавите на истегнување на прсти за да се бакнете.

Ако е низок не значи дека не е „фраер“

Ниските мажи можат да бидат подеднакво секси, шармантни и добри во кревет како и нивните високи сопарници.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.