И новиот директор на АНБ се потпишл за државјанство на Онишченко

Потписот на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Зарко Милошевски, стои меѓу десетте потребни потписи од надлежните сектори со кои е одобрено државјанството на Онишченко, објави Телма.

Но, тој не се појави на собраниската комисија, за да објасни зошто се потпишал, како и кој направил безбедносен пропуст со контраверзниот украински бизнисмен.

Во Собрнаието не се појави ниту претставник од АНБ.

Собраниското тело еден месец беше во застој поради безбедносниот пропуст кога дел од отчетот на Димовски отиде во јавност и покрај затворената седница.

Димовски пред случајот Онишченко беше најавен за нов амбасадор во Франција. Премиерот Ковачевски вели дека процедурата за неговото заминување во Париз е завршена во Владата, и дека сега, по случајот Онишченко работата е во рацете на парламентот и претседателот Пендаровски. Претседателот на Комсијата за надворешни работи Милошоски веќе изјави дека без да заврши Комисијата за одговорноста на Димовски тој нема да ја продлжи амбасадоркста постапката за веќе поранешниот директор на АНБ.