И оваа недела времето нема да не’ изненади

Во текот на оваа недела ќе продолжи периодот на релативно топло време со слаб ветер, најавуваат метеоролозите.

По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.

Во среда и во недела попладне се очекува повремен дожд.

За утре метеоролозите најавуваат слично време со температура од три степени во Тетово до 12 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до четвртиот степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.