И оваа учебна година нема екскурзии

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека оваа година не може да се организраат училишни екскурзии.

-Испратени се упатства од Бирото за развој на образование. Може до пет километри да имаат прошетка, движење учениците заедно со наставниците за да може да имаме социјализација. Но, од друга страна, она што се случувало минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите сметам дека има уредби. Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период и тоа сигурно се случило, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање во општина Кочани.

Министерката Царовска ги повика директорите на училиштата кои се одговорни за организација на екскурзиите, да ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари коишто биле од минатата година ќе им се вратат. Но, оваа година, како што потенцира, екскурзии не се дозволени.