И ЈП Водовод и канализација им ги зголемува платите на вработените за 2,806 денари

Имајќи ги во предвид предизвиците поврзани со сериозноста на економската положба во која се наоѓаат граѓаните, деликатните процеси со ценовните пазарни шокови и актуелната инфлација, состојби од кои не се исклучени и вработените во ЈП Водовод и канализација, Директорот на ЈП Водовод и канализација-Скопје, Златко Перински, ќе предложи до Управниот добро на претпријатието да се пристапи кон линеарно покачување на платите на сите вработени, информираат од претпријатието.

Ова зголемување ќе ги опфати сите 1.278 вработени чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2,806 денари. Ова е прво вакво зголемување на платите по 13 години.

-Зголемувањето на платите се прави поради сериозноста на економската состојба, и е дотолку значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои соочува Јавното Претпријатие, наследените финансиски обврски, големите државни должници спрема ЈП Водовод и канализација. Меѓу најголемите должници на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички Служби во Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124,316,964 денари, Општина Зелениково 41,320,352 денари итн. ЈП Водовод и канализација – Скопје, секогаш ќе ги штити интересите на своите вработени, како сега, така и во иднина. И покрај споменатите сериозни предизвици заштитата на стандардот и обезбедувањето на квалитетна вода за пиење останува нашиот приоритет, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.