5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

И покрај притисоците, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе гласови од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ победи на најголем број на градови и населени места Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, Кавадарци, Свети Николе Македонска каменица, Пехчево, Велес, Градско Охрид, Прилеп, Виница, Илинден, Петровец, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сепак Донтовиот модел ја прави оваа трка се уште доста неизвесна. Но факт е дека промените народот ги посакува народот покажа дека не сака влада која е криминална и коруптивна, народот сака Обнова.  Опозицијата на овие избори покажа дека има повеќе гласови од партиите на власта. ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за составување на мнозинство за нова влада затоа што постојната е истрошена и време е за промени. ВМРО-ДПМНЕ е благодарна до сите граѓани и покрај притисоците и злоупотребите кои се одлучија за промени со тој кредибилитет влегуваме во нова трка за мнозинство за нова влада“, истакна Јанушев.