И покрај прогласувањето крај на епидемијата во Словенија заштитните мерки остануваат на сила

И покрај тоа што словенечката Влада прогласи крај на епидемијата со коронавирусот, заштитните мерки остануваат во сила, а повеќе објекти се уште немаат дозвола да работат, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во земјата се уште се забранети собирите каде што на едно место има повеќе од 50 луѓе, хотелите со капацитет од над 30 годисти исто така се затворени, а се уште немаат дозвола за работа ноќните клубови и фитнес центрите.

Одлуката за прогласување на крај на епидемијата е донесена по информациите на Националниот институт за јавно здравје и извештајот на ширењето на коронавирусот, но од институтот објаснуваат дека можноста за повторна појава на новозаразени е реална и повикаа да се почитуваат мерките за заштита.

Словенечката државна телевизија објави дека со ваквото брзо прогласување крај на епидемијата, Влада спречи двата Закона за помош на економијата и работниците кои добиваат државна помош да важи до крајот на јуни, бидејќи Законите предвидуваат помошта да трае до крајот на овој месец, во случај ако се прогласи крај на епидемијата до денес, односно 15 мај.