И покрај западните критики, Иран на смрт осуди уште тројца за смртоносните безредија

Иранското правосудство осуди уште тројца учесниците во масовните смртоносни безредија на смртна казна поради „војување против Господ“, извести во понеделникот новинската агенција Mizan.

Протестите ширум Иран избија кон средината на септември по смртта на 22-годишната Курдка Махса Амини во притворот на моралната полиција поради непридржување до правилото за покривање на главата. Либералните активисти тврдат дека починала од добиениот ќотек во притворот, а властите тврдат дека починала поради влошување на здравјето поради претходно болести.

Протестите, кои подоцна ја зафатија целата земја, се проценуваат на западот како најголемите по 1979 година, во кои има десетици загинати припадници на безбедносните сили и стотици демонстранти. Техеран за нивно поттикнување и организирање ги обвинуваат западните разузнавачки агенции и веќе осуди на смрт неколку лица обвинети дека работеле за странски служби.

Иран во саботата уште две лица во казнувањето на учесниците на протестите кои значително се запрени откако започнаа ригорозните казнувањето, извршени по брзи постапки вклучително и роковите за жалби.

Агенцијата Mizan извести денеска дека Слех Мирхашеми, Маџид Каземи и Саеид Јагуби, осудени на смртна казна за убиства на припадници на доброволечката милиција Басиџ во текот на протестите во централниот град Исфахан, може да се жалат на пресудите.

Милицијата Басиџ, за кои на западот се сомневаат дека е поврзана со Револуционерната гарда, елитните идеолошки сили на иранската војска, беа ангажирани на насилните безредија и притоа во текот на самите протести или во терористички вооружени напади од неидентификувани напаѓачи на мотоцикли беа убиени повеќе десетици нејзини припадници.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во понеделникот го осуди Иран за применување на смртната казна над демонстрантите кои бараат, како што рече, поголемо почитување на жените, што и не одговара сосема на вистинските состојби во иранското општество.

„Правото на живот, исто така, е загрозено и на местата во коишто и натаму се применува смртната казна, како што тоа е случајот овие денови во Иран, по најновите протести на коишто се бара почитување на достоинството на жените“, рече папата Франциск.

Во Иран жените имаат право и на образование и на работа без ограничување на занимањата, спортуваат организирано во лиги, но во јавноста се применува правилото само за покривање на косата со шамија.

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи во понеделникот навести дека државата нема намера да ги ублажи своите дејствувања во смисла на казнувањата. Во телевизиското обраќање Хамнеи рече дека оние коишто „ги запалија јавните места без сомневање направиле предавство“, алудирајќи и на палењето на куќата на ајатолахот Хоменини кој ја изведе исламската револуција. Според иранскиот исламски законик, предавствата на земјата се казнуваат со смрт.

Западните организации за човекови права сметат дека погубувањата, апсењата и казните за демонстрантите се обид тие да бидат заплашени. Тврдат дека и покрај репресиите, помали протести наводно и натаму се одвиваат во Техеран, Исфахан и неколку други градови, но за тоа нема потврда ниту на социјалните мрежи.

Организацијата за човекови права Amnesty International, која претрпи остри критики на Западот поради извештајот дека воени злосторства и го злоупотреби на цивилите и правилата на војување извршиле и силите на Киев во украинската војна, предупредува дека иранските власти наводно бараат смртни казни за најмалку 26 лица во „лажни судења со цел да се заплашат демонстрантите“.

Активистите за човекови права објавија на социјалните мрежи дека двајца демонстранти, 22-годишниот Мохамад Гобадлу и 18-годишмниот Мохамад Борунгани, се префрлени во самици пред погубувањето во затворот Раџаи Шар во градот Карај.

Европската унија, САД и други западни земји го осудија Иран поради погубувањата на демонстрантите обвинети за убиства. Но шиитската Исламска Република, којашто за немирите ги обвини своите надворешни непријатели, во прв ред американските, британските и израелските тајни служби, порача дека сузбивањето на протестите кои избувнаа прво во покраината во која живее курдското и сунитско малцинство, го смета за заштита на националниот суверенитет.