И пропаднаа ли 250.000 евра на Нина Ангеловска во Еуростандард?

Народната банка ѝ ја одзеде дозволата и утре ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“, најави на прес-конференција гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Што се однесува до депозитите на физички лица, гувернерката информира дека, на 99,4 отсто од депонентите ќе им бидат исплатени во законските рокови, според условите на Фондот за осигурување на депозитите во најкус рок.

Во оваа банка, своја „заштеда“ чува министерката за финансии, Нина Англовска. Според нејзиниот анкетен имотен лист, што го има објавено Антикорупциската комисија, таа во „Еуростандард“ има 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51,2 илјади евра девизен депозит во истата банка од 2017. Во УНИ банка има девизен депозит од 33,73 илјади евра од 2015. Има и други помали девизни и денарски сметки.

Бежоска денеска информираше дека согласно 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетни во целост, зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра.