И Русија и Уругвај сакаат да победат, но и да ја избегнат Шпанија

Ако реално ги гледаме работи сосема е јасно дека ова е првиот вистински тест за Уругвај и Русија на ова Светско првенство. Овие две репрезентации ќе се борат за првото место во групата „А“. Иако се очекуваше, особено од Египет, дека ќе ја откријат вистинската сила на горенаведените тимови, ова не се случи. „Фараоните“ и Саудиска Арабија, сепак, во моментов не се дораснати за тоа.

Денешниот натпревар во Самара ќе открие какви се дометите на Русија, односно Уругвај, кои имаат големи очекувања од овој Мундијал. Пред почетокот на СП, Уругвај најави одлични работи, но играта се уште е далеку од посакуваната. Сосема е јасно дека ако не уфрлат во поголема брзина, целите ќе останат неисполнети.

Од друга страна, Русија веќе ја постигна целта бидејќи без вистинска поддршка и очекувања стартуваше на Мундијалот, па пласманот во осминафиналето е голем успех. Сепак, рускиот селектор Черчесов сега не сака да се запре, сака и чекор понатаму, а смета дека во групата „Б“, со која вкрстуваат, Шпанија ќе биде прва и дека ќе биде исклучително важно да се избегне „фуријата“.

Знаеме колку е важен овој натпревар, но ние се подготвуваме како и за секоја друга. Се разбира, неопходни се некои тактички промени, но во психолошка смисла сакам да се подготвиме за Уругвај како и за првите два натпревари, иако повторувам, ова ќе биде различен натпревар. Во врска со составот, оние играчи кои се во подобра здравствена состојба ќе играат, лекарскиот тим ќе не советува, но не треба да очекувате големи промени, изјави Черчесов.

Селекторот на Уругвај, Оскар Табарез е свесен дека неговата репрезентација не одиграла на нивото кое што може.

Сè уште не ја покажавме сета наша моќ, не го покажавме сиот потенцијали, но со тоа мирно се соочуваме бидејќи сме поминавале низ такви работи. Овој тим има големо искуство, можеби најголемо во Русија, па затоа, иако се уште не го одиграле најдобриот фудбал, нема паника. Сè ќе седне на своето место – оптиммист е Оскар Табарез, кој исто така е свесен за тоа колку е битно да се избегне Шпанија.

Натпреварот почнува во 16 часот, а во истиот термин се игра натпреварот меѓу Египет и Саудиска Арабија.