И се расипа авионот на Меркел, патува со комерцијален лет

Авионот на германскиот канцелар Ангела Меркел, кој патуваше за средбата на G20 во Аргентина, слета принудно во Келн заради технички проблем , пренесе Дојче веле.

Интерференцијата во работата на владиниот Ербас “Конрад Аденауер” се појавила веднаш  по полетувањето од Берлин. Тој само свртел  над Холандија и се вратил во Германија.

Заедно со неа за форумот на G20 патуваат министерот за финансии Олаф Шолц и група новинари.

Првично беше објавено дека друг авион ќе биде подготвен да продолжи со патувањето. Подоцна, стана јасно дека делегацијата ќе замине за Мадрид, од каде ќе патува во Аргентина по редовен комерцијален  лет. Оваа опција е избрана затоа што тоа е можниот  најбрз начин за патување до Латинска Америка