И шуто и рогато…

Изминуваат последните денови од една мачна голгота на македонскиот народ. Полека влегуваме во последниот пекол на Индијанското лето, а oвие уште се власт?!

И после сите политички циркуси, гафови, промашувања, лаги и аполитички маневри, тие цврсто стоеле на правиот пат, а и пази-можеле?!

Ајде мајката? А, што тоа?

Која умствена дигресија? И после сакаш да видиш во нивните први редови интелектуала!?

Можеби во некоја паралелна димензија!? Дали ткивото на левата страна е заразено со нов мутиран вирус и дали престанаа да водат крајно социјални политики.

Шампиони во најнеуспешно водење на здравствената криза. Еден милион оправдувања, а ниту еден реален податок за отчет кон граѓани, кон нашите даночни пари…

Ковид 19 стана изговор за неспособноста и некадарноста да се бара алиби во трета непозната. На ТВ екраните јунаци, а на терен никаде ги нема.

Комисија на веков!?

Нејсе, и на тоа ќе се види крајот, порано или подоцна.

Одговорноста во новата реалност е непозната за одговорните и менаџерите.

Ветувањата за бесплатно здравство, за Клинички, за реформи, се’ ова резултираше со еден контрапункт на обид на „продавање“ на општо-државното, негде градено од самопридонес… жално и деградирачки до немајкаде?! Каде како се може!?

Самопрогласени се пазарат со зборот и ставот на друг не прашувајќи, а трети се обидуваат да протнат законче за подарена концесија, или лов во матно.

Се на се, една картел нација со плантажи на дроги наместо класично земјоделие и класичен туризам имаме се’, само не реална слика на Македонецот и Македонија.

Надворешна дипломатија туку речи Космодиск политика, заснована на побарај – дади или полошо, давај – не прашувај!?

Трас – трас економија во четири очи!

А, и не треба да прашаат, само да замислат и веднаш се менуваат ставови, принципи и црвени линии…

Чекај всушност црвени линии и нема?!

Се е лага!

Продадени соништа на нашите деца, продадени и отворени гробовите на нашите предци, продадена сегашност… Што да се каже? Единствено лаги и манипулации! Денес ќе се каже едно, утре се негира! Крајна нужда на егзистенционалното прашање, несреден општествен поредок, лажни физибилити студии, донации само параван за криминали, се’ само општествена среденост – Не!

И после младите бегале? Па, се што кажаа или излажаа или изнегираа! Станаа чипоинсталатори на малкуте нивни подржувачи. Се обидоа од златна држава да направаат фри шоп, а донекаде и успеаја… сега останува Народот за две недели да си ја земе државата Македонија и да ја спаси од октоподот. А, ако некој следен политички субјект ја повтори истата грешка повеќе нема потреба од Револуционерна мисла и борба! Оти се’ е кажано и сиот мастраф ставен! Останува на нас!!

Автор: Автор: Гоце Марков, дипломиран здравствен работник, за НетПрес