И следните денови невообичаено високи температури за октомври

Сончево со мала до умерена локална облачност, во јужните делови на земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и изолирана појава на грмежи, предвидува временската прогноза на УХМР за денеска.

Максимална температура од 28 степени ќе има во Дојран и во Гевгелија, во Скопје и во Штип до 27, Битола до 26, Охрид до 21 степен.

Времето за време на викендот ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Утре максималните температури повторно ќе бидат до 28 степени, в недела до 29, а в понеделник до 30 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.