И со пораз Вардар на финалниот турнир во Келн

Вардар е единствениот актуелен европски ракометен шампион кој ќе има шанса да ја одбрани титулата откако од пред девет години се играат финалните турнири во Лигата на шампионите. Пласманот во Келн е обезбеден и покрај првиот пораз од 27:28 на домашен терен од Кил во реваншот во Скопје, поради победата на гостинскиот терен со истата разлика но со поголем број постигнати голови  на гостински терен – 29:28.

Вардар нервозно го почна дуелот што му овозможи на Кил во шестата минута да има водство од 3:0. Но вардарци, за кои многумина ова беше последен настап во салта „Јане Сандански“, понесени од жешката атмосфера од трибините, се консолидираа и со серија дојдоа во водство од 4:3. Во овие моменти Арпад Штербик проработе на голот, со четири одбрани во првите петнаесет минути од мечот, а овојпат нападот го следеше неговиот пример. Во нападот на Кил во следниот период се истакна словенечкиот плејмејкер, Миха Зарабец, кој прво намали на 9:10, а вднаш по него и со својот четврти погодок го врати германскиот тим на гол негатива (9-10), а Оле Рамел погоди за изедначување на 10:10 на десет минути пред крај на првиот дел. Штербик со десет одбрани за 25 минути го одржуваше Вардар во минимално водство, покрај во меѓу време двата не рализирани седмерци на Иван Чупиќ. Сепак, на триесет секунди пред крај на првиот дел Патрик Виенцек погоди за повторно израмнување на 13:13, резулат со кој заврши првото полувреме. Интерсно е да се напомене дека во првиот дел голманите на Кил остварија заедно само три одбрани, една Ландин и две Волф.

Гол за гол започна и второто полувреме, но повторно Вардар успеа да одвои на „плус три“ (18:15) благодарение на двете извонредни интервенции на Штербик од кои првата одбранет седмерец на Никлас Екберг. Гостие вратија со промена на голманот и брзо намалување на заостанувањето 17:18. Нервозата донесе две исклучувања кај Кил, што Вардар го искористи за водство од 20:17, а првото водство со четири гола разлика го донесе 21:17 го донесе Тимур Дибиров со мајсторски гол од крилната позиција со кој го надмудри Ландин. Следуваше тајмаут, по кој Кил постигна три гола во серија за продолжување на неизвесноста. Критичните минути за вардарци ги прекина Лука Циндриќ кој се избори за седмерец, а потоа и реализираше за 22:20 на стартот од последната четвртина од дуелот.

Притисокот на Кил продолжи и во завршните десет минути, во кои Вардар влезе со предност од 25:23, а одбраните на Штербик на едната и на Ландин на другата страна го режираа резултатот. Во финишот се одвиваше драма која ја режираа домашните ракометари кои направија две почетнички грешки, па Кил на пет минути пред крајот дојде до заостанување од само еден гол (25:26). Но во најтешкиот моменти Вардар го имаше концентран Штербик со клучната одбрана, која брзо беше реализирана со погодок на Криштопанс и предност на Вардар од 27:25. Драмата продолжи и во завршните две минути во кои домашните бранеа гол предност и не успеаја да реализираат за мирен финиш. Кил напаѓаше за реми а реализира Никола Билик за 27:27, Вардар не се снајде во нападот, а Кил погододи за пирова победа од 28:27.

Вардат го предводеше Борозан со шест голови, пет имаше Циндриќ, а Криштопанс погоди четири. Огромен херој е Арпад Штербик кој застана на 13 одбрани. Кај Кил, по пет гола дадоа Винцек, Зарабец и Екберг, а Ландин доцна се разбуди, па остана на седум одбрани.

Завршниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите во Келн ќе се одржи на 26-ти и 27-ми  мај. Пласман во завршницата обезбедија ПСЖ, Вардар и Нант, а последниот патник за Келн ќе го даде четвртфиналниот реванш меѓу Монпелје и Фленсбург.