И сопругата на Спасовски во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал едно решение за самоизолација, по пристигната епидемиолошка анкета спроведена за лицата кои биле во контакт со министерот за внатрешени работи Оливер Спасовски, кој пред два дена објави дека е позитивен на коронавирусот.

Оттаму не го открија идентитетот на лицето, но „Фокус“ дознава дека во самоизолација оди сопругата на министерот Спасовски.

Откако Спасовски соопшти дека е заразен, повеќето негови колеги мораа да направат тест.