И Телма како Заев, по израелскиот доби европски шамар

Во рамки на Конгресот на Европската народна партија што се одржува денес и утре во Мадрид премиерот Никола Груевски имаше свое обраќање пред присутните политички лидери.

Тој исто така денес учествуваше на работното претседателство на Европската народна партија кое го предводи процесот на избор за нов претседател и заедно со останатите политички лидери од Европа гласаше за избор на нов претседател.

Ова е нов офсајд за сдсмовското новинарство на Телма, која откако минатата недела беше вмешана во дипломатскиот скандал на Заев пренесувајќи ги невистините за средбите во Израел повторно во служба на СДСМ пласира нови лаги.

Телевизијата преку скандалозен новинарски текст под насловот „Наместо Груевски Иванов на Самитот во Брисел“ пласира нови лаги и конструкции нарачани директно од СДСМ за некакво незадоволство и револт на претседателот на ЕК,  Жан Клод Јункер од одлагањето на роковите за исполнување на обврските од договорот од Пржино.

Дека телевизијата се обидува да ја манипулира јавноста со невистините нарачани од СДСМ најдобро се гледа од фотографијата на која премиерот Груевски разговара со Јункер, а претседателот на ЕК го гушка.

Од Владата излегоа со официјално соопштение во кое се вели дека премиерот нема да биде во можност да присуствува на средбите организирани од страна на Јункер в недела поради претходно договорена и организирана посета на Обединетите Арапски Емирати, каде ќе оствари средба со високи претставници од политичкиот и економскиот живот на земјата.

-Не навлегувајќи во мотивите и намерата на дел од медиумите да се направи тенденциозна манипулација во јавноста, во интерес на вистината и објективното известување сакаме да ве информираме дека премиерот Никола Груевски нема да биде во можност да присуствува на средбите кои во недела ги организира претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, од причина што во одредениот термин премиерот ќе престојува во претходно договорена и организирана посета на Обединетите Арапски Емиратикаде што ќе има средба со високи претставници од политичкиот и економскиот живот на земјата домаќин.

На средбата со господинот Јункер, по претходен договот меѓу македонските институции ќе присуствува претседателот Ѓорѓе Иванов.

Ги демантираме дезинформациите и неточните наводи на ТВ Телма, која спротивно на новинарските стандарди не побара став од македонската Влада за нивната објавена дезинформација, дека неприсуството на премиерот Груевски со г-дин Јункер е од други причини, кои се различни од претходнонаведената, односно претходно закажаната средба на Обединетите Арапски Емирати.

Дополнителен демант за неточната и невистинита теза објавена на Телма е фактот што денес и утре премиерот Груевски присуствува и учествува во работата на Конгресот на Европската народна партија од позиција на која на истиот конгрес присуствуваат и германската канцеларка, Меркел, шпанскиот премиер Рахој, унгарскиот премиер Орбан, ирскиот премиер Кени, летонската премиерка Страујума и други европски лидери, а на кој конгрес присуствува и учествува во работата и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, стои во официјалното соопштение на Владата.

Ова не е прв пат вакви лаги и конструкции да бидат пласирани од опозициските медиуми. Изминатата недела Телма се стави во служба на Зоран Заев и СДСМ и ги пренесе лагите за средбите во Израел на лидерот на СДСМ, кои неколку дена подоцна беа демантирани преку официјални изјави и соопштенија од државата Израел. И Телма како и Заев, по израелскиот доби и европски шамар.