И тоа – Полицијата во Кавадарци свечено пушти во употреба нов фрижидер

Нов фрижидер завчера свечено е предаден и пуштен во употреба во Полицискиот синдикат во Кавадарци, објави претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев на Фејсбук.

„Почитувани денес во Кавадарци од страна на Потпретаедателот на МПС Зоран Крстев и Претседателот на Совет на МПС Велес Трајче Цветков со цел обезбедување на подобри услови за работа на членовите на Македонскиот полициски синдикат во Основната организација на МПС „Кавадарци“ на претседателот на ОО Кавадарци Горан Ѓелов му беше предаден за користење еден фрижидер, набавен од средствата за тековно функционирање на Советот на Велес. Акцијата на Македонскиот полициски синдикат ширум републиката за создавање на побезбедна работна средина и безбедни и здрави услови при работа на своите членови продолжува! Секогаш возаштита на членовите! Ги подобруваме условите за работа!“ се вели во објавата.