10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

И три години од најголемото ветување на Велимир Смилевски, поликлиника во Бутел нема!

Дарко Костовски, пратеник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на својата Фејсбук страница сподели видео во кое кажува за лажното ветување кое го даде на почетокот на својот мандат градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски дека општина Бутел до крајот на 2020 година ќе добие нова поликлиника.

-Над 60.000 играѓани се лишени од можноста да имаат своја поликлиника и мораат да ја напуштаат својата општина. Исто така веќе година дена се лишени и од можноста да направат и лабараторија.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе се обидеме, јас лично како пратеник во Собранието на Република Македонија и советничката група да ги убедиме центалната и локалната власт да ја изградат ветената поликлиника, изјави Костовски.

Во продолжение може да ги погледнете целосната негова објава и видео обраќањето.