И Twitter се заинтересира за TikTok

(AP Photo/Jeff Chiu, File)

Компанијата која ја поседува социјалната мрежа за микроблогирање Twitter ја известила кинеската корпорација „ByteDance“ дека е заинтересирана за купување на американските активности на нејзината апликација за куси видео-материјали TikTok.

Платформата TikTok изминатите седмици беше во фокусот на жестоките препукувања и нагаѓање за можното американско преземање. Минатата седмица американскиот претседател Домалд Трамп потпиша извршен указ со кој на домашните компании им нареди во рок од 45 дена да престанат да работат со TikTok поради наводна закана по националната безбедност на САД. Од кинеската компанија се заканија со судска постапка, порачувајќи дека се шокирани од потегот на американскиот претедател.

Во меѓувреме повеќе американски компании покажаа интерес за купување на платформата TikTok, меѓу нив и технолошкиот гигант „Mocrosoft“, а сега како можен купивач се приклучи и „Twitter“.

Извори на весникот The Wall Street Journal предупредуваат дека, сепак, не е јасно дали „Twitter“ има доволно пари за да го купи TikTok, и дали може да склучи договор во рок од 45 дена.

Точната вредност на американското делување на TikTok не е позната, а се проценува на десетици милијарди долари. Пазарбата капитализација на „Twitter“ изнесува околу 29 милијарди долари, во споредба со „Microsoft“ кој лини 1.600 милијарди долари.

Трамп минатата седмица рече дека ќе ги поддржи настојувањата на „Microsoft“ да ги купи американските активности на TikTok, доколку државата добие „значителен дел“ од приходите од продажбата. Транскакцијата мора да биде склучена до 15-ти септември, во спротивно на сила стапува забраната, истакна американскиот претседател.

Експерите истакнуваат дека продажбата на TikTok на „Twitter“ би вклучувала помал регулаторен надзор. Портпаролот на американската компанија одбил за BBC да ја коментира можната трансакција, додека од TikTok сѐ уште не одговориле.