Данела Арсовска фатена во лага, УЈП потврди дека на приватните превозници им должи точно колку што бараат, 1,5 милиони евра!

Паднаа во вода обвинувањата на градоначалничката Данела Арсовска, откако  Управата за јавни приходи констатира дека ЈСП Скопје навистина им ја должи побаруваната сума на двете компании, „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ во висина од  околу 1,5 милиони евра (на „Макекспрес“ 30 милиони денари, а на „Слобода Превоз“ 62 милиони денари).

Според сопственикот на „Слобода Превоз“, Ленин Јовановски, инспектори на УЈП два дена ги проверувале документите на неговата компанија и на „Макекспрес“, како и на Јавното сообраќајно претпријатие, при што бил констатиран долгот на ЈСП Скопје кон приватните превозници.

– Вчера го добивме записникот од УЈП, во кој може дека нема никаков криминал, како што обвинуваше Арсовска, нема никакви дејствија надвор од договорните односи меѓу нас и ЈСП и Градот Скопје. Во записникот е констатиран долгот од увидот во целата сметководствена документација, со точната сума која претходно ние ја побарувавме – вели Јовановски за ПлусИнфо.

Според него, премиерот Ковачевски сега ги има фактите на маса и го повикува него и државата зошто градоначалничката Арсовска манипулира со јавноста и ги доведе граѓаните на Скопје во ваква состојба, но и приватните превозници, при што направи вистински хаос во главниот град.

Премиерот Димитар Ковачевски пред два дена рече дека ќе има состанок со приватните превозници, но откако ќе ги добие податоците од УЈП за параметрите за кои имаше јавна дискусија меѓу превозниците, ЈСП и Град Скопје.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во интервју за „360 степени“, на прашањето дали им должи ли колку им должи ЈСП на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, одговори:

– До 8 ноември, додека не почнаа овие протести и блокади, ЈСП редовно си исплаќаше до „Слобода превоз“. Ние знаеме колку средства се исплатени и институциите си имаат начин да постапат и да се види која е вистината, – порача Арсовска.

Според двата објавени јавни повици за избор на нов превозник, на градот му фалат скоро 50 автобуси и над 100 возачи. Град Скопје првично објави јавен повик за линиите 20 и 22, а потоа беше објавен и втор за избор на приватни превозници кои ќе бидат дел од јавниот превоз, овој пат за линиите 9, 11 и 12.

Денска со реакција и од ВМРО-ДПМНЕ. -УЈП утврди дека Арсовска сепак должи на приватните превозници, Тачела коалицијата се служи со лаги. Според информации и документи објавени од медиумите, по потекло од УЈП, се гледа дека Арсовска должи вкупно 1.5 милиони евра на приватните превозници, онолку колку што истите и бараат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Арсовска е фатена на дело, а Ковачевски ја има потврдата која ја бараше во однос на долгот. Сега да не се препукуваат и да се договорат кој ќе го плати долгот, исто како што се договараат за матните зделки.

Документите од УЈП потврдуваат заради кого Скопје беше блокирано со денови. Ковачевски и Арсовска се главни виновници за блокадите на Скопје, но и за тоа што нема доволно автобуси. Бараме СДС и Арсовска да се извинат и да го исплатат долгот кон приватните превозници, додаваат од партијата.