И ветил заеднички живот на малолетничка, па извршил обљуба врз неа

Момче од пробиштипско ветил заеднички живот на малолетничка, по што ја обљубил а потоа се јавил кај нејзиниот татко да му соопшти дека ја задржал во својот дом

На 31.01.2020 во селото рипатанци, пробиштипско, 23-годишниот Т.С. од Трипатанци бил лишен од слобода, бидејќи на 30.01.2020 околу 23.00 часот, со изговор за заеднички брачен живот, извршил обљуба врз малолетничка, по што на 31.01.2020 во 12.00 часот пријавениот му се јавил на нејзиниот родител и му соопштил дека малолетничката ја однел во својот дом.

По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесенa кривична пријава по член 188 од КЗ.