И Властимир Алексовски во трка за лидер на СДСМ

Денеска до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски.

Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата, соопшти СДСМ, додавајќи дека тоа се однесува на сите поднесени кандидатури.