И во Ѓорче ќе се градат не една туку две џамии – подарок за гласовите за Стево

Минарето на Али Пашината џамија во Охрид се гради без дозвола за градба и статика, тивко пред извесно време продолжи незаконитата изградбата на 32 метарското минарe на џамијата во срцето на Охрид.

И покрај времената мерка со која се стопираше изградбата на минарето на Али Пашината џамијата во Охрид, помеѓу двата изборни кругови на изборите, интензивно се градеше бидејќи беше дел од пазарот за изборните гласови.

Сличен беше и случајот во Ѓорче Петров. За време на кампањата за локалните избори сегашниот градоначалник Наумовски во пазарот за гласовите на Ромите од Даме Груев им вети џамија, а сега започна на големо да гради пат за реализирање на ветеното, пренесува „Вечер“.

Градоначалникот Наумовски на неколку наврати ги демантираше овие шпекулации и ги нарекуваше лаги и невистини и потенцираше дека намсто џамија ќе се гради центар за исламска култура во кој ќе може да се врши верски обред.

Како што дознава Вечер во скопската општина Ѓорче Петров треба да се изградат не една туку две џамии кои се наменети за две различни групи кои вршат различни обреди.

Согласно законот за урбанистичко планирање за изградба на верски објект треба да постои соодветна намена во Деталниот Урбанистички план, а за да се избегне долгата процедура без да се уцртува во ДУП се дава одобрение за „Центар за ширење на исламската култира“.

Според изворите на „Вечер“ овие активности се искоординирани со општината и градоначалникот Наумовски, а правните активности поврзани со оваа тема ги координираат со познат адвокат од Скопје.

Тие најпрво ќе поднесат барање за легализација на објектот, а потоа за реконструкија и доградба на истиот и на тој начин согласно правната поука од општината ќе успеат да ја изградат џамијата во Ромското маало во населбата Даме Груев.

Вакви обиди за изградба на џамија во Ромското маало во населбата Даме Груев имаше и во минатото но не наидоа на поддршка од тогашната локална власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ која го бутна објектот кој беше дивоградба.