И во Карпош зонско паркирање

ЈП “Градски паркинг” располага со 8.015 паркинг места, а годинава во план е да оспособи дополнителни околу 1.500 кај зонски организираните јавни површини, односно зонско паркирање ќе има на делови од Автокоманда, Карпош и Кисела Вода.

Според претпријатието, Во Автокоманда на улицата Индустриска, зона Д20 за 304 паркинг места веќе е изготевно сообраќајно решение. Зонско паркирање ќе има и на четири улици во Кисела Вода. Тоа се улиците Антон Попов Д140, Емил Зола Д141 и улиците Иван Козарев Д142 и Вера Јоциќ Д143.

Паркинг ќе се наплаќа во Карпош 1 на улиците Мирка Гинова (Д40-Д59), Иван Аговски (Д40-Д59), Гиго Михајловски (Д40-Д59), а во програмата за 2018 година предвидено е зонско паркирање да се воведе и во Карпош 3 кај Лептокарија зона Д70-Д79.

Бидејќи сообраќаен проект е изработен само за паркинг местата во Автокоманда, а за останатите се уште нема од јавното претпријатие наведуваат дека не се во можност да го наведат точниот број на паркинг места кои би се ставиле во употреба во текот на годината.