ИЈЗ констатира намален бројот на смртни случаи и на позитивни, зголемен на оздравени лица

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 10 јануари 2021година. Тестирани се вкупно 13.022 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 20,8 отсто во однос на минатата недела, информира Институтот за јавно здравје.

Регистриран e 2.471 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 6,1отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.140; 46,1 отсто), а највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19 отатсо.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=622, 25,2 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=470; 19,0 отсто), 50-59 (n=455; 18,4 отсто), 30-39 (n=455; 18,4 отсто) и 20-29 (n=330; 13,4 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=39; 1,6 отсто) и 10-19 години (n=100; 4,0 отсто).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.460 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 14,8 отсто повеќе во споредба со минатата недела.

Во периодот на известување, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 64 лицa биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 4 до 10 јануари 2021 г. како и кумулативната состојба со ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.