И за Ахмети референдумот е успешен, нема потреби од избори

246

Јас и Демократската унија за интеграција најпрво рековме дека одлуката припаѓа на институциите на земјата, избрани легитимно и со целосен капацитет за донесување одлуки. Денес, граѓаните на земјата ја дадоа одлуката за Собранието на Република Македонија и пратениците избрани на легитимни и демократски избори, рече челникот на ДУИ, Али Ахмети.

Во продолжение е обраќањето на Ахмети до јавноста по заврпување на референдумот.

Денешниот ден беше важен дена за нашата земја. Им честитам на сите граѓани на Република Македонија, на и институциите на земјата, сите политички партии кои придонесоа за мирно одржување на процесот на референдумот за покажување на граѓанската и демократската   култура. Денес, демонстриравме достојни демократски капацитети за земја кандидат  за интеграција во НАТО и ЕУ . Овој процес на реформи, еднаквоста и затворањето на прашањата со нашите соседи гарантира одржлив мир,  безбедност,  стабилност, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, економски развој, повеќе работни места , домашни и странски инвестиции како и општествена благосостојба.

Јас и Демократската Унија за Интеграција  на самиот почеток кажавме дека одлуката им припаѓа истутуциите  на земјата избрани на легитимен начин и со полн одлучувачки капацитет. Денес граѓаните на нашата земја одлучувањето и го делегираа на Собранието на Република Македонија и на пратениците избрани на легитимни и демократски избори. Ние сме избрани за да донесеме важни одлуки,  храбри одлуки,  а не да калкулираме за идните избори и идниот мандат.

Со нашиот глас со Собранието ние ја определуваме иднината на нашата земја, иднината на генерациите што доаѓаат после нас, но и иднината на Југоисточна Европа. На изборите во 2016 година  ние се залагавме за еднаквост, евроатланска интеграција, системски реформи,  правна држава и владеење на правото и економски развој. Речиси истите ветувања ги дадоа и другите  парламентарни партии и заедно го добивме мандатот за реализација на овие ветувања дадени пред граѓаните. Затоа, овој собраниски состав има мандат за решавање на прашањата со соседите и интеграцијата на земјата во НАТО и Европска Унија, и со нивно право денес граѓаните го делегираат правото на одлучување кај пратениците и институции на земјата.

Македонија нема  друга алтернатива  освен интеграцијата во НАТО и ЕУ. Им се заблагодарувам на сите наши гласачи кои денес се построија на апсолутен начин  на исправната страна на историјата за да ја изградат сигурната иднина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.