И за Финска сме Северна Македонија

Договорот за преименување на земјава во Северна Македонија очигледно е веќе прифатен во земјите на ЕУ и НАТО, иако тој се уште не е стапен во сила и ратификуван од Скопје и од Атина. Дел од нив веќе почнаа во официјалното обраќање да не ословуваат со „Северна Македонија“.

Финскиот амбасадор Перти Иконен во описот на своето работно место напишал дека работи како амбасадор надлежен за „Србија, Црна Гора и Северна Македонија“.